Избраниците на менаџерот Арсен Венгер со неверојатен пресврт во финишот од мечот триумфираа против Норвич 3-1 и од петтата скокнаа на третата позиција пред Тотенхем и Челси.


Овие три екипи до крајот на сезоната ќе водат безпоштедна битка за двете слободни места кои водат во ЛШ.

“Канаранците“ во 57-та минута стигнаа во водство со голот на Тарнер. Предноста гостите ја чуваа до 85-та минута кога Артета од пенал ги изедначи бројките на семафорот.

Во 88-та минута Басонг си ја затресе сопствената мрежа и го доведе Арсенал во позитива. Конечната победа за “топџиите“ и насмевки на “Емирати“ донесе Германецот, Лукас Подолоски во финишот на средбата.

Резултати : Арсенал – Норвич 3-1, Ридинг – Ливерпул 0-0, Астон Вила – Фулам 1-1, Евертон – КПР 2-0, Саумптетон – Вест Хем 1-1.

Табела : 3. Арсенал 59, 4. Челси 58 (-1), 5. Тотенхем 58…

Мх.П.