Актуелниот првак Борусија Дортмунд ја одложи шампионската промоција на Баерн Минхен откако славеше победа на гостувањето во Штугарт со 2-1. На тоа “баварците“ возвратија со неверојатен триумф од 9-2 на Хамбургер.

Во гол шоуто на “Алијанц Арената“ предничеше Клаудио Пизаро со четири погодоци, Холанѓанецот Арјен Робен постигна два, Рибери, Шаќири и Швајнштангер по еднаш ја затресија мрежата на Хамбургер. Погодоците за “белите“ ги постигнаа Брума и Вестерман.

Екипата на Мајнц каде стандардно настапува македонскиот репрезентатиец Николче Новески ремизираше со Вердер Бремен играјќи 1-1.

Резултати : Мајнц – Вердер 1-1, Аугзбург – Хановер 0-2, Фортуна – Леверкузен 1-4, Фрајбург – Менхенгладбах 2-0, Шалке – Хофенхајм 3-0, Штутгарт – Дортмунд 1-2, Баерн Минхен – Хамбургер 18:30ч.

Табела : Баерн Минхен 72, Дортмунд 52, Леверкузен 48, Шалке 42, Мајнц 39. . .

Мх.П.