Соочени со предизвиците кои ги носи напредокот на технологијата, комуникациите и борбата за обезбедување егзистенција, охриѓани во последниве години се поинтензивно посетуваат обуки за доквалификација. Упатените во оваа проблематика велат дека тоа е резултат на новите стандарди за вработување, кои се бараат од кандидатите, но и желбата на самите поединци да располагаат со повеќе работни кавалификации.
Курсевите кои се организираат во охридскиот Работнички универзитет “Кузман Шапкарев”, најчесто ги посетуваат возрасни и невработени охриѓани. Од понудените обуки, најголема е побарувачката за изучување на курсот за козметичари. Но исто така посетени се и куревите за фризери, масери и сметководство.
– Во есенскиот семестар имаме околу 40 курсисти распоредени во сите активни курсеви. Групата на една обука треба да брои најмногу 10 слушатели. Курсистите го посетуваат курсот во еден семестaр или вкупно 80 часа со предавања и пракса.По завршување на курсот, тие добиваат сертификат за одреден степен на подготвеност, по видот на обуката која ја посетувале, објаснува, Славица Ристеска, директор на охридскиот Работнички универзитет “Кузман Шапкарев”.
Цените за тримесечна обука во Работничкиот универзитет се движат од 6000-12.000 денари, а најскап меѓу нив е курсот за козметичари.
– Најголем дел од курсистите кои моментално ги посетуваат курсевите се невработени со завршено средно образование, но има такви кои имаат и факултетски дипломи, вели Ристеска. Таа нагласува дека крактеристично е тоа што поголем интерес за посета на обуките за доквалификација има кај жените и тие се почесто застапени и во есенските и во пролетните обуки.
Во пролетната сесија покрај веќе постоечките обуки, Работничкиот универзитет, за прв пат ќе организира и Курс за изработка на сувенири и накит, за кој се очекува голем интерес за изучување.
Денеска, 27 септември, се одбележува Светскиот ден на туризмот – сектор кој поврзува култури, создава работни места и претставува значаен двигател на локалниот и економскиот развој За Македонија, а...
По повод празникот посветен на великомаченичките Св Софија, Љубов, Вера и Надеж на 30 септември, среда, во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи традиционалниот црковно ...
Денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 20 степени Следува период на променливо обл...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.