Делови од соседна Грција се зафатени од големо невреме проследено со обилни врнежи од дожд и поплави.

На Родос дува силен ветер, а во летувалиштето Никита реки вода течат низ улиците. Повеќе автомобили завршиле во морето, а оштетена е и локалната инфраструктура.

Студениот бран, невообичаен за овој период од годината, зафати делови од Европа и Балканот. Во Словенија забележани се врнежи од снег на Алпите.

OhridNews