Попладнево, невреме со ветер, град и поголема количина врнежи од дожд го зафати Охрид. За кратко време се создаде поголема количина воден талог што предизвика проблеми со одведувањето на водите преку атмосферската канализација.

Поради силниот ветер, на улица Марко Цепенков падна дрво и оштети автомобил .

Заради санирање на последиците од невремето, екипите на ЈП Охридски Комуналец се на терен.

OhridNews