Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2016 година, во однос на претходниот месец, бележи намалување од 0,1%, додека индексот на цените на мало е поголем за 0,4%.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.1% во август 2016 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на замрзнатото овошје за 2.9%, свежото и разладеното овошје за 2.5%, оризот за 2.4%, брашното и другите житарици и компирот за 1.7%, другите прехранбени производи за 0.7%, сувото овошје и јаткастите производи за 0.6%, сирењето и урдата за 0.5%, другите пекарски производи и другите преработки од месо за 0.4%, другите млечни производи за 0.3% и сушеното, соленото и чаденото месо за 0.2%.

Во август, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за домаќинствата за 10.7%, течните горива за домаќинствата за 5.8%, течните горива и мазива за 3.0%, гасот за домаќинствата за 2.0%, информатичката опрема за 1.9%, средствата за лична хигиена и здравје за 1.3%,
услугите за лична хигиена за 1.1%, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.6%, обувките за 0.4% и средствата за чистење и одржување на станот за 0.2%.

Пораст на индексот на трошоците на животот во август 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај месото за 1.0%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.9%, свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 0.7%, млекото и безалкохолните пијалаци за 0.3% и замрзнатиот зеленчук и сушениот зеленчук за 0.2%.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 43.5%, болничките услуги за 3.5%, велосипедите за 0.7%, текстилот за домаќинствата за 0.6%, туристичките пакет-аранжмани за 0.5%, малите електрични апарати за домаќинствата и алатите и опремата за куќа и градина
за 0.3% и лековите, накитот и часовниците за 0.2%.

Индексот на трошоците на животот во август 2016 година, во споредба со август 2015 година, бележи намалување од 0.3%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.2%.

OhridNews