Ни го сотреа националното богатство, а ние никако да го заштитиме
08.02.11 08:00
Декларативните заложби и изјави на одговорните за заштита на културно историското наследство не помагаат да се заштити националното богатство кое речиси секојдневно го пустошат разбојници. Нивна мета се и црквите и џамиите, а деновиве тие покажаа дека без проблем можат да влезат и во музејските згради. За среќа ја одбраа административната зграда на Музејот во Струга, а не објектот во кој е сместена постојана поставка. Истата ноќ крадците упаднаа и во црквата Св. Ѓорѓија во центарот на Струга каде се сместени Галеријата на икони и депо во кое се чува вредното културно наследство од овој крај. Надлежните тврдат дека крадците не успеале да влезат во депото, а за среќа дел од иконите од Галеријата биле испратени на конзервација во Скопје. Што се успеале да одземат дрските разбојници сеуште не се соопштува.
И додека разбојниците рутински оперираат на терен, надлежните за заштита на културно-историското богатство креваат раменици. Немоќни да ги заштитат сите објекти во кои има вредни историски предмети спасот го гледаат во изградба на регионално депо во кое под посебни безбедносни услови ќе се чуваат највредните икони и артефакти од охридско-струшкиот крај. Тие посочуваат дека таков пример има во Корча во соседна Албанија каде највредните предмети од верските објекти од тој регион се чуваат во специјално изграден објект кој покрај софистицирана заштита има и постојана физичко обезбедување.
„Приказни раскажани преку уметност“ е изложба која ја слави уметноста на деца со аутистичен спектар Сликите, кои денес беа претставени пред охридската јавност, се дело на младите уметници Јана Иван...
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св Наум Охридски“ од Охрид присуствуваа на традиционална церемонија на свечено менување на државното з...
Во просториите на ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ во организација на Општина Охрид, се одржа работна средба-социјален дијалог „Учи паметно-работи стручно“ На средбата свое обраќање имаа заменик-градоначал...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.