Според информациите од Управата за хидрометеролошки работи, времето денеска ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

За време на викендот ќе се задржи сончево време со ниски утрински температури. Во понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон вторник ќе има услови за провејување на краткотраен снег. Од среда повторно ќе биде претежно сончево.

OhridNews