Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 23 степени Целзиуови, информира УХМР Македонија.

Сончево и топло време со умерена облачност и со температури до 29 степени, ќе преовладува во сабота. Попладне на места се очекува локален пороен дожд и грмежи. Во недела ќе биде сончево и топло со температура до 28 степени.

Топлото време ќе продолжи и во понеделник.

OhridNews