Центар за култура „Григор Прличев“
Од 21.04.2024 - 20:00 до 21.04.2024 - 22:00
По настапот на големата сцена на Националната Опера и Балет, Никола Тодороски своето најново стендап шоу „Лошо куче“ ќе го изведе и во Охрид на 21 април во НУЦК “Григор Прличев“ – Охрид со почеток 20:00.
Станува збор за 90 минути пеколна стендап комедија во негов препознатлив стил.
На 21.04.2011 година со моето прво шоу ја започнав мојата приказна како стендап комичар. Годинава на 21 април се навршуваат 13 години како се трудам сите тешки, страшни, глупи, чудни работи кои не опкружуваат да ги претворам во комедија и да ја насмеам публиката. Мислам дека датумот 21.04.2024 е соодветен за шоу дома, вели Тодороски.

Со неговото најново стендап шоу, како дел од големата турнеја, Никола веќе настапуваше во Прилеп, Битола, Струга, Ресен, Кичево, Гостивар, Штип, Скопје, Линц, Виена. Во текот на мај македонската турнеја продолжува и во останатите поголеми градови во Македонија.

OhridNews












