Во претстојниот мандат ќе продолжиме да работиме за создавање на услови за активно вклучување на лицата со посебни потреби во одлучување во општината. Работиме на отстранување на сите бариери, на локално ниво на лицата со попреченост и целосна интеграција на лицата со посебни потреби во општеството, рече на денешната прес-конференцијата кандидатот за советник на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Охрид“ , Ристо Николески.

Во таа насока, отвораме канцеларија за лица со посебни потреби во рамки на локалната самоуправа, која ќе има за цел да се грижи за потребите на оваа категорија на граѓани на ниво на општината. Во канцеларијата ќе бидат  работени лица од оваа категорија кои се работоспособни, вели Николески.

Додава дека воведуваат мобилност и пристапност до сите општински образовни институции, прилагодлива инфраструктура и пристапни патеки, како и поддршка на семејствата со деца со пречки во развојот.

Ќе продолжиме со програмата за образовни асистенти кои ќе овозможат вклучување на што е можно повеќе со пречки во развојот со редовни предучилишни и училишни програми. Продолжуваме со поддршка на постоечките дневни центри за лица со попреченост и ќе отовориме нови центри. Обезбедуваме нови и соодветни просторни услови и опрема. Исто така, ќе го зголемиме бројот на вработени негуватели и воспитувачи во центрите, вели Николески.

Потсетува дека согласно политиките за социјална заштита во текот на изминатиот период беа реализирани голем број активности кои беа посветени на лицата со посебни потреби. Се обезбеди поддршка и се овозможи непречено работење на дневните центри за лица со попреченост и континуирано се имплементираше проектот за ангажирање на образовни асистенти со цел поефикасно спроведување на воспитно образовниот процес, на децата со попреченост. Исто така, беа имплементирани низа наменски проекти, поддржани од меѓународни фондови, додава Николески.

Н.С.Ј.