Во чест на освоениот пласман во првата македонска фудбалска лига фудбалерите и Управата на новиот прволигаш ФК Охрид беа примени на коктел организиран од кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски. На средбата “рибарите“ разменија искуства со Николоски кој најави безрезеврна подршка за ФК Охрид. 

Сакам прво да им честитам за пласманот во првата лига и да му посакам голем успех во неа. Како голем љубител на спортот, фудбалерите на Фк Охрид ме направија да се чувствувам горд охриѓанец – потенцираше Николоски.

Да се заблогадарам за одличниот пречек од г-динот Николоски, а и на успехот на фудбалерите. Сега ние преостанува со заеднички сили да се бориме за историски успех и за излез во Европа – истакна претседателот на “рибарите“, Гоце Малезанов.
Мх.П.