Хрватска го усвои законот со кој професионалните возачи ќе можат да добијат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната, вели министерот за транспорт Александар Николоски.
Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи. Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во јануари годинава. Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат, посочи Николоски.
Воедно истакна дека се продолжува со конструктивни решенија за професионалните возачи.
OhridNews














