Вчера се гласаше во мирна и демократска атмосфера и ги имавме едни од најфер одржаните избори не само во Охрид, туку и цела 5- та изборна единица, изјави на денешната прес- конференција кандидатот за пратеник од ВМРО- ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој изрази задоволство од постигнатите изборни резултати во Охрид, но и целата 5- та изборна единица. .


–    Резултатите се едни од најуспешните. Во Охрид освоивме најголем број гласови, споредено со било кои претходни избори. Задоволни сме и од потенцијалот кој го имаме да растеме како партија.  Наскоро очекуваме нашето членство да се зголеми со уште најмалку 3.200, односно околу 2.600 во нашите редови да преминат од ВМРО- Народна партија и 600 од останатите помали партии со десна ориентација, за кои вратите на партијата се секогаш широко отворени , рече Николоски.

Со оглед на тоа дека ВМРО- ДПМНЕ во 5- та изборна единица освои девет пратенички места, Николоски изјави дека засега сигурно е дека од тројцата кандидати за пратеници од Охрид, во парламентот влегуваат тој и Харалампие Шокароски, а  по формирањето на извршната власт се надева дека ќе влезе и Анита Кипаризова- Крстеска.

OhridNews