Задоволен сум како се одвиваат активностите за реконструкција на охридскиот аеродором. Таму имаме четири преокти кои се одвиваат паралелно, а прогресот е некаде помеѓу 80 и 90 проценти на секој од нив, рече министерот за транспорт, Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање, при денешната посета на Општина Дебрца.

Рокот којшто го зададовме за завршување е крајот на летото и мислам дека тој рок ќе биде постигнат. Паралелно, од 15-ти август ќе почнат да работат надлежните институции, пред сè Агенцијата за цивилно воздухопловство, контролата на летање – М-НАВ, Агенцијата за национална безбедност, царината и Министерството за внатрешни работи, со цел аеродромот да е функционален и сите највисоки безбедносни стандарди да бидат постигнати. Практично ќе добиеме еден нов аеродром, една нова административна зграда, но и најбитно – нова терминална зграда, многу повеќе место за слетување и за полетување, што ќе го зголеми капацитетот, рече Николски.

Изрази задоволство што охридскиот аеродром расте и во апсолутна бројка и процентуално според последните извештаи и посочи дека ќе продолжат во оваа насока и во следниот период.

Н.С.Ј./Г.М.