Селекторот на македонската кошаркарска реперзентација Марин Докузвски, ја направи последната замена во ростерот на тимот кој ќе настапува на Евробаскетот што од 31 август до 18 септември ќе се игра во Литванија, На местото на Кирил Николовски повикан е Ивица Димчевски.


– Кирил Николовски мораше да го оперира забот пред заминувањето за Германија и иако се очекуваше да се опорави за еден до два дена, ситуацијата се искомплицира до таа мерка да Николовски не смее да се изложувана никакви физички напори најмалку во наредните 2-3 седмици. За жал тоа значи дека Николовски и дефинитивно нема да биде дел од тимот во Литванија, а на негово место повикан е Ивица Димчевски – рече селекторот.


Што се однесува до Тодор Гечевски, по извршените снимања и анализи, се наоѓа под посебен физиотерапевтски третман и се прават напори да биде максимално подготвен веќе за првиот настап на ЕП против Црна Гора на 31 август.

Ohridnews