Завршивме и нешто позитивна работа, истакна медијаторот Метју Нимиц во кратката изјава после шестчасовната средба со министерите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, што се одржа денеска во Атина.

Тој средбата ја опиша како сериозна, напорна и жестока, а колку преговорите за решавање на спорот за името на нашата земја се во чувствителна фаза говори фактот што двајцата министри не дадоа изјави по новата рунда разговори. Тие ќе ги брифираат премиерите на двете земји кои, како што најави Нимиц, ќе се сретнат на самитото ЕУ-Западен Балкан во Софија, на 17-ти мај.

OhridNews