Со настап на популарниот потругалски пејач на автентичен музички стил “Фадо” – Марио Моита од Евора, Португалија и целовечерениот концерт на македонската фолк ѕвезда – Миле Кузмановски, придружуван од тамбурашкиот оркестар ГЕЗМЕ од Куманово, синоќа заврши единаесеттото издание на фестивалот Балкански музички плоштад.


Публиката не ја поколеба ниту студеното време и ниските температури, па така Античкиот театар вчеравечер беше исполнет речиси до последното место, а изведувачите  беа наградени со големи аплаузи.


На овогодинешното издание на фестивалот Балкански Музички Плоштад 2012, свој настап имаа и групата „2Late“ од Полска и групата „ Balkan Colla“ од Грција.

OhridNews