Нивото на Охридското Езеро е во граница на дозволениот минимум, соопшти денеска УХМР. Тоа значи дека по затворањето на испустот кај вливот на реката Црн Дрим на почетокот на месецот, до денес, нивото на водата во езерото се зголемило за 4 сантиметри.

Од страна на ХЕС Црн Дрим беше изјавено дека мерките кои беа преземени од страна на АД Електрани на Македонија со цел прилагодување на испустот на вода од Охридското езеро во Црн Дрим на режим на биолошки минимум, ќе се применуваат на неодредено време се до зголемувањето на водостојот на Охридското езеро.

OhridNews