Охридското Езеро, според мерењата извршени утрово од Управата за хидрометеоролошки работи, се наоѓа на ниво од 693.93 метри надморска височина, што е за 18 сантиметри повеќе од дозволениот максимум.

Нивото на езерото со мали варијации е во постојан пораст од октомври минатата година. Оттогаш до денес тоа е зголемено за околу 80 сантиметри.

OhridNews