Состојбата со зголеменото ниво на Охридското Езеро полека се стабилизира. Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на езерото е на 693,95 метри надморска височина, што е 20 сантиметри над максимумот (693,75 м.н.в.), односно пет сантиметри под дозволената кота при состојба на големи води (694 м.н.в.).
Најкритично беше во месец март кога нивото на езерото се искачи над 694 метри надморска височина. На 17 и 30 март Охрид го погодија невремињата проследени со силен јужен ветер, кои предизвикаа значителни штети на инфраструктурата на крајбрежјето, во најголем дел на угостителските објекти во центарот на градот.
Според информациите од локалната самоуправа, постапката за утврдување на штетите е во тек, а отштета ќе имза само за објектите кои се изградени соглано законот.
OhridNews













