Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи извршени утрово, нивото на Охридското Езеро е на 693, 97 сантиметри надморска височина, или 22 сантиметри над дозволениот максимум. Нивото на езерото изминатите два дена бележи пораст од два сантиметри.
Над просекот за мај се и водотеците на реките Сатеска и Црн Дрим, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогнозата, облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, кои локално на места ќе бидат поројни, ќе имаме и во наредните денови, што може да придонесе за раст на водостоите на реките и езерата.
OhridNews












