Нивото на Охридското Езеро во текот на оваа недела продолжи да бележи позитивен раст.

 

Според мерењата извршени утрово од Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро е 9 сантиметри над минималната кота (693,17 м.н.в.), односно 16 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в.). Сепак се уште нивото на Охридското Езеро е под просекот за месец март кој изнесува +32 сантиметри од минималната кота.

Во пораст е и температурата на езерото која денеска изнесува 10,5 степени Целзиусови, што е во рамки на вообичаеното на овој период од годината.