Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,56 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Тоа е за еден сантиметар под просекот за април утврден на 693,57 метри надморска височина или 46 сантиметри над дозволениот минимум (693,10).

Водостојот на езерото, сепак, е драстично подобар споредено со минатата година, кога на овој ден бил 25 сантиметри под месечниот просек, односно бил на кота од 693,32 метри надморска височина.

OhridNews