Според последните извршени мерења, нивото на водата во Охридското езеро е шест сантиметри над дозволениот минимум од 693.10, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Тоа значи дека по затворањето на испустот кај вливот на реката Црн Дрим на почетокот на месец февруари, до денес, нивото на водата во езерото се зголемило за 10 сантиметри.

Тогаш, од страна на ХЕС Црн Дрим беше изјавено дека мерките кои беа преземени од страна на АД Електрани на Македонија со цел прилагодување на испустот на вода од Охридското езеро во Црн Дрим на режим на биолошки минимум, ќе се применуваат на неодредено време се до зголемувањето на водостојот на Охридското езеро.

OhridNews