Состојбата со нивото на водата во Охридското Езеро полека се стабилизира. Нивото на Охридското Езеро бележи константно покачување благодарение на врнежливото време што изминатите седмици го зафати регионот, така што денеска ја достигна котата 693,35 метри надморска височина или три сантиметри над просекот за декември.

Температурата на водата во езерото е 8,5 степени Целзиусови или 0,7 степени под просекот за ова време од годината. После повеќе од два месеци вода повторно истекува и од испустот на Билјанините извори кај Студенчишкиот канал
OhridNews











