Акцијашкиот клуб Охрид најавува низа активности во наредниот период. Членовите на клубот ќе се вклучат во организација на белите ноќи, со кои ќе се означи туристичката сезона во Охрид, од први до шести јуни. Од 15 до 17 јуни, делегација од клубот ќе присуствува на одбележувањето на 75 години од Битката на Сутјеска и 30 години од учество на младинската бригада од Охрид на таа акција.
Охридските акцијаши ќе земат учество и на одбележувањето на 55 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, од 22 до 29 јули каде 300 млади од поранешна Југославија, а 50 од Охрид ќе учествуваат во санација на кризни подрачја, но и ќе се дружат и учествуваат во спортски и културни манифестации.
OhridNews












