По успешно организираниот годишен Концерт, Културното уметничкото друштво „Охриѓанка” учествуваше и на традиционалната манифестација по повод одбележувањето на денот на градот Крагујевац–Ѓурѓовденски фолклорен маратон. На манифестацијата, друштвото настапи со две групи: Ветеранска и Детска група, со две кореографии.
КУД „Охриѓанка“ активно се подготвува и за голема турнеја и учество на Интернационален Фолклорен Фестивал во Барселона, Шпанија што ќе се одржи во јули. Во рамки на турнејата, КУД „Охриѓанка” ќе учествува и на Интернационалниот Фолклорен Фестивал „Биоград на море” во Хрватска.
OhridNews














