За идната година НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Министерството за култура има пријавено неколку проекти, кои доколку бидат одобрени треба да се реализираат во 2014-та.

Меѓу проектите се „Прличевите беседи“, говорот на истакнат член на Друштвото на писатели на Македонија, традиционалната „Охридска визита“, изработка на цд издание за животот и делото на Григор Прличев, збогатување на книжниот фонд, односно заштита на движното културно наследство.

Како што информира директорката на оваа установа, Александра Белевска, еден од позначајните проекти кои треба да допрат до најмладата детска популација е „Најубави детски бајки“.

Целта е уште од најрана возраст да се допре до детската фантазија, односно децата да стекнат љубов кон книгата. Доколку проектот се одобри, имаме идеа истиот да го реализираме со детските градинки во Охрид.“ – вели Белевска.

Исто така, планирано е една од најстарите книги на балканските простори чиј сопственик е НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид повторно да се врати во оваа установа.

O.T.