На уред­нич­ка­та за над­во­реш­на по­ли­ти­ка на „Днев­ник“, Ива­на Кос­тов­ска, ут­ро­во и бил заб­ра­нет влез во Гр­ци­ја на гра­нич­ни­от пре­мин Бо­го­ро­ди­ца. Како што објави весникот но­ви­нар­ка­та па­ту­ва­ла при­ват­но во со­сед­на­та зем­ја, но грч­ки­те гра­нич­ни влас­ти не и доз­во­ли­ле да ја по­ми­не гра­ни­ца­та без ни­как­во об­раз­ло­же­ние.

– Грч­ки­те служ­бе­ни­ци на пре­ми­нот Ев­зо­ни ме по­ви­каа и ме пра­шаа ко­га пос­ле­ден пат сум влег­ла во Гр­ци­ја и да­ли сум има­ла не­ка­ков проб­лем. Им ка­жав де­ка пред пред еден ме­сец бев во Лут­ра­ки, но де­ка не­мав ни­ка­ков проб­лем. То­гаш ми ка­жаа де­ка не­ма да ме пуш­тат да ја по­ми­нам гра­ни­ца. Ко­га ги пра­шав зош­то, ми од­го­во­ри­ја де­ка не зна­ат и де­ка тоа ќе ми го ка­жат во грч­ки­от кон­зу­лат во Скоп­је. По­тоа ми да­доа да пот­пи­шам до­ку­мент во кој пи­шу­ва де­ка во грч­ки­от на­ци­о­на­лен ре­гис­тар сум ре­гис­три­ра­на ка­ко не­по­жел­на лич­ност – об­јас­ну­ва но­ви­нар­ка­та на „Днев­ник“.

Во до­ку­мен­тот на­пи­шан на грч­ки и на срп­ски ја­зик е на­ве­де­но де­ка Кос­тов­ска се сме­та за опас­ност за јав­ни­от ред и без­бед­ност, за внат­реш­на­та без­бед­ност, јав­но­то здрав­је и ме­ѓу­на­род­ни­те од­но­си на ед­на др­жа­ва-член­ка на Ев­роп­ска­та Уни­ја. Но­ви­нар­ка­та ве­ли де­ка е очиг­лед­но де­ка Гр­ци­ја гру­бо се оби­ду­ва да ги за­мол­чи ма­ке­дон­ски­те но­ви­на­ри и да ги спре­чи да вле­зат во зем­ја­та.

– Се пра­шу­вам да­ли за грч­ко­то МНР е опас­ност за јав­ни­от ред и без­бед­ност што пи­шу­вав де­ка во Лут­ра­ки жи­ве­ат Ма­ке­дон­ци. Ка­ко би ре­а­ги­ра­ло грч­ко­то МНР ко­га грч­ки но­ви­нар не би бил пуш­тен да вле­зе во Ма­ке­до­ни­ја – ве­ли но­ви­нар­ка­та.

Таа об­јас­ну­ва де­ка за слу­ча­јот ќе ги ин­фор­ми­ра ме­ѓу­на­род­ни­те ор­га­ни­за­ции за пра­ва­та на но­ви­на­ри­те.

OhridNews
извор:„Дневник“