Синоќа во Македонија е екстрадиран претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, информира телевизија Телма. Со полициско обезбедување веднаш по пристигнувањето Шиповиќ директно е однесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Целата постапка за екстрадирање и спроведување на Шиповиќ во Истражниот затвор беше спроведена во најголема тајност и покрај големиот интерес на новинарите. Од МВР вчера не сакаа ниту да потврдат ниту да демантираат на прашањето на Телма дали Шиповиќ ќе биде екстрадиран со полноќниот авионскиот лет Виена – Скопје, само кажаа дека кога ќе биде потребно јавноста ќе биде информиран.

Шиповиќ беше уапсен по потерница од МВР на аеродромот во Виена на 15 октомври, за време на неговото враќање во Македонија од Соединетите американски држави, каде својот престој го скратил поради издадената потерница и неговата желба да даде исказ и да се расчисти случајот за кој тој тврди дека е неосновано обвинет.

OhridNews

извор:Телма