Од МЈП Проаква информираат дека во 11 часот завршени се предвидените активности за приклучување нов приклучок во координација со болницата „Св. Еразмо“, со што е нормализирано водоснабдувањето на потегот од Здружение на возачи на крајот од ул. „Гоце Делчев“, до после авто кампот „Андон Дуков“.

Активностите беше најавено дека ќе завршат во 13 часот, но со интензивна работа екипите завршија со работа во 11 часот.

OhridNews