Норвешка приреди големо изненадување на Светското првенство во фудбал, откако синоќа во осминафиналето го совлада петкратниот светски првак Бразил со 2:1 и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри селекции.
Херој на Норвежаните беше Ерлинг Халанд, кој во финишот постигна два гола за голема победа и историски пласман во четвртфиналето. Бразил успеа само да го намали резултатот преку Нејмар од пенал во судиското продолжение.
Во вториот елиминациски дуел, Англија во спектакуларен натпревар го совлада домаќинот Мексико со 3:2. Џуд Белингем постигна два гола за само 98 секунди, а Хари Кејн реализираше пенал за Англичаните, кои во поголем дел од второто полувреме играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Џарел Кванса. Мексико се враќаше во игра преку Хулијан Кињонес и Раул Хименес, но не успеа да стигне до израмнување.
Норвешка и Англија ќе се сретнат во четвртфиналето, каде ќе се борат за место меѓу четирите најдобри репрезентации на Мундијалот.
Резултати – осминафинале:
Бразил – Норвешка 1:2
Мексико – Англија 2:3
Вечерва продолжуваат осминафиналните пресметки на Светското првенство во фудбал со два дуели.
Во 21 часот ќе се сретнат Португалија и Шпанија, во натпревар што носи директна битка за четвртфинале. Од 02 часот по полноќ, на програмата е дуелот меѓу домаќинот САД и Белгија.
Победниците од овие два натпревари ќе се сретнат во четвртфиналето, закажано за 10 јули.
OhridNews










