Италија и денеска урива црни рекорди. Според податоците на тамошните власти, изминатите 24 часа во земјата која е најголемо жариште на коронавирус во светот во овој момент, починале 793 луѓе и 6.500 новозаболени.

Од почетокот на пандемијата од корона вирус во земјата починале 4.825 лица, а над 53.000 се заразени. Најдраматична состојбата и натаму е во регионот Ломбардија, каде се регистрирани и најголемиот број смртни случаи.

Пандемијата забрзано се шити низ целиот свет. CNN јави дека само во Њујорк има над 10.000 заразени со коронавирус. Боливија најави прогласување вонредна состојба и карантин во зелата држава, Виетнам забрани влез на странски државјани, а Египет ги затвори верските светилишта на две неделои.

До денес во светот се регистрирани 276.996 заразени од коронавирус.

OhridNews