Општина Охрид доби нов европски грант од првиот повик на Програмата на Европската Унија, во висина од 169.000 евра за европскиот партнерски проект Inter Regioanl Cultural Heritage Menagement e-System(IRC-Hermes). Проектот е одобрен после три фази на евалуација и строга селекција, информираат од локалната самоуправа.
Главна цел на Проектот е дигитализација на културното наследство и ќе се реализира во места на УНЕСКО од повеќе балкански држави и тоа: Охрид Македонија, Крф Грција, Самос Грција и Ѓирокастра Албанија. Покрај документирањето и дигитализацијата, овој проект ќе опфати и заштита и промоција на културното наследство.
Водечки партнер на одобрениот проект е Универзитетот за технологија од Кипар, а покрај општина Охрид, општина Крф, општина Самос, општина Ѓирокастра, проектни партнери се и Истражувачкиот и иновативниот Центар од Атина и Организација за животна средина и култура од Грција.
Проектот го аплицираше и ќе го реализира Секторот за туризам и локален економски развој од општина Охрид.
OhridNews












