Eкипи на ЈП „Градски Пазар“ деновиве извршија комплетна реконструкција и поставување нови реквизити на детското игралиште во с.Косел.
Во рамки на проектот се изврши реконструкција на старата метална ограда на спортското игралиште, а целосно нова метална ограда доби детското игралиште во ова охридско село. Со тоа се создадоа поволни услови за спорт и рекреација на младите и насочување кон здрави животни навики. – информира Општина Охрид која ги обезбеди средствата за реализација на овој зафат.
OhridNews












