На пригоден начин, со поставување на новата влезна Порта во објектот на охридската Гимназија и нејзино „прво отварање“ од страна на градоначалникот Александар Петрески,  се означи успешното завршување на првата реализирана инвестициона активност на Општината  во  Новата 2009-та година: комплетна замена на надворешната дограма на Гимназијата.

Како што е веќе познато на јавноста, замената на надворешната дограма на овој објект, започна во екот на Новогодишните парзници со цел  да се искористи периодот на зимскиот распуст на учениците. Со оваа инвестициона активност, на објектот на Гимназијата се заменети вкупно 108 прозори   со што во многу се придонесе и за остварување на заложбата за подобро затоплување на училниците а да притоа, со подобро изведената  изолација, количински  се трошат помалку енергенти.

На пригоданата свеченост во Гимназијата, градоначлникот изрази задоволство што се успеа оваа  инвестициона активност да заврши во предвидениот рок и со тоа симболично се означи и почетокот на новото полугодие.Тој потсети, дека годинава општината ќе вложи над 30 милиони денари во образованието и околу 4 милиони во детската заштита.

Директорот на охридската Гимназија, од името на вработените и учениците, упати јавна благодарност до градоначалникот и  Советот на општината за грижата што ја искажуваат за нормалното и современо функционирање на оваа институција и осовременувањето на објектот.

Градоначаликот Петрески ја  искористи посетата во Гимназијата и за разгледување на состојбата со ентериерот во објектот, како и за разговор со професорите и другите вработени во Гимназијата.