Македонската ватерполо репрезентација, ќе се бори за 11-то место на Европското првенство во ватерполо, чии домаќин е Ајндховен. Ваквиот епилог следува по новиот пораз на ватерполистите, кои денеска се поразени од Романија со 10:12.

Противник на Македонија во борба за претпоследното место на првенството ќе биде поразената репрезентација од пресметката помеѓу Турција и Шпанија.

Денешниот пораз ги урна надежите на ватерполистите дека можат да изборат место на претквалификацискиот турнир за пласман на ОИ во Лондон. Против Романија, Македонија го забележа петтиот пораз во досегашниот дел на ЕП, претходно по стартната победа над Турција, ватерполистите загубија од Грција, Унгарија, Италија и Холандија.