Советниците на денешната единаесетта одржана седница на Советот на Општина Охрид ја изгласаа одлуката за поништување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за поставување на фотоволтаични централи на општинските објекти на подрачјето на Општина Охрид.

Се поништува постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за поставување на фотоволтаични централи на општински објекти на подрачјето на општина Охрид поради неподнесување на ниту една понуда до крајниот рок за поднесување наведен во објавениот оглас на ЕСЈН. Се задолжува Комисијата формирана за спроведување да ја повтори постапката почитувајќи ја законската регулатива, посочува Божиновски.

Минатиот пат имавме подолга дискусија кога се носеше оваа точка, значи со јавно-приватно партнерство за фотоволтаични централи. Тогаш нагласив и сега пак ќе нагласам дека би требало Општината наместо со јавно-приватно партнерство, иако се донесе таква одлука, сама да почне да ги гради овие фотоволтаични централи. Бидејќи гледаме дека за инвеститорите не е баш исплатливо и дека сè помалку би се пријавувале за ваква работа, како што беше сега случајот. Меѓутоа, ако со сопствени средства на Општината годишно само се издвојуваат 100.000 евра, првите централи коишто ќе се направат, со заштедата на електрична енергија којашто ќе се направи следните две-три години, со другите заштеди, сами по себе ќе се исплаќаат и ќе се надградуваат. Значи, нема да бидат потребни 300.000, туку со 120.000–130.000 евра ќе ги направите истите овие централи врз основа на заштедата на електрична енергија. И уште еднаш ве повикувам да ја преиспитате одлуката и да почнете овие фотоволтаични централи сами да ги правите на училиштата и зградите од локалната самоуправа.
Н.С.Ј.












