
Со новиот систем на охридскиот аеродром се воведува автоматска регистрација на патниците и патничкиот багаж во заминување, што претставува чекор напред во подигнувањето на нивото на безбедноста во воздушниот сообраќај на аеродромот, како и на квалитетот на аеродромските услуги, соопшти раководството на аеродромот.
Системот ќе биде првпат имплементиран на летот од Охрид за Цирих.
Хардверската опрема и комплетната софтверска апликација е на швајцарската фирма EDS. Вкупната вредност на инвестицијата за набавка и инсталирање на DCS опремата на охридскиот аеродром изнесува над 60 илјади евра.
Со имплементацијата на DCS, аеродромот во Охрид им се приклучува на 145-те европски аеродроми каде е имплементиран електронскиот систем кој овозможува автоматско процесирање на над 46 милиони патници.
ohridnews











