Првата тепачка се случила вчера во 14 часот во угостителски објект на плоштадOт „Климент Охридски“. Тупаници си размениле две лица на возраст од 22 и 47 години. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, најави СВР Охрид.

Во 14.20 часот во СВР Охрид, 65-годишен охриѓанец пријавил дека во објект на улицата „Димитар Влахов“ бил физички нападнат од сограѓанин. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен.

OhridNews