“Топџиите“ во 1/8 финалето од ЛШ ќе имаат тешка задача бидејќи за противник го имаат вицепрвакот Баерн Минхен. “Баварците“ минатата сезона останаа без трофеј откако претрпеа пораз во финалето од Челси на пенали.
Тренерот на Баерн Минхен, Хуп Хејнкенс, кој после сезоната ќе замине од клубот ги предупреди фудбалерите дека покрај лошите резултати на Арсенал не смеат да се опуштат и да се чувствуваат како фаворити.
Веднаш по поразот од Блекбурн во ФА купот управата на Арсенал го продолжи договорот на Арсен Венгер за две години, по што дојде бојкотот од верните навивачи на “топџиите“.
Во вториот натпревар од програмата ќе се сретнат европскиот првак од 2003 година Порто и најпријатното изненадување во овогодинешната сезона во ЛШ, Малага.
Терминот за натпреварите од Лигата на Шампиони е стандарден во 20:45 часот.