Катедралната црква Света Софија, која од неодамна благодарение на лајанс клубот Лихнидос од Охрид има ново екстерно осветлување, сега е разубавена со прекрасна икона на Богородица со Исус.
Новата икона е поставена надворешно и осветлена што дополнително го разубавува автентичниот амбиент на една од најзначајните православни цркви на овие простори. Поставувањето и осветлувањето на иконата, повторно е дело на ЛК Лихнидос.
“Станува збор за монументален објект, кој многу пати бил рушен, доградуван и реставриран, и кој буквално на секој ѕид и во секој агол ја пресликува бурната историја на нашиот народ. Токму затоа потрошивме три месеци во планирање, консултации и поставување на ново адекватно осветлување, кое преку таканаречената „игра на светло и сенка“ треба да ги потенцира убавите детали, а да ги сокрие недостатоците. Притоа, дополнително внимание беше посветено на осветлувањето од аспект на мултидимензионалниот карактер на Света Софија, чиј внатрешен и надворешен простор често се користи за различни свечености, фестивалски перформанси и концерти.” – изјави неодамна при поставувањето на надворешното осветлување на црквата проф. д-р Зоран Тунтев од ЛК „Лихнидос“, иницијатор на акцијата.
OhridNews
фото: Емил Јовановиќ














