Богат асортиман свежа риба од Охридското Езеро, морски плодови и морска риба, како и свеж избор од локални рибници нуди новоотворената рибарница „Охридски рибари“.

Понудата е прилагодена за сите вкусови и потреби, за подготовка на посна трпеза, семеен ручек, па се до езерски и морски специјалитети, велат од рибарницата.

Сместена на лесно достапна и препознатлива локација, на Бул. Туристичка, во зградата Трим и Лум (веднаш наспроти гостилница „Боем“), „Охридски рибари“ за љубителите на морска храна нуди и квалитетна замрзната морска риба и плодови.

Работно време е од понеделик до петок од 09 до 16 часот, како и сабота од 09 до 13 часот.

OhridNews Promo