Во големата сала на општина Охрид, утре, 17-ти мај, со почеток во 14 часот ќе се одржи средба со концесионерите на плажите.

Како што информираат од локалната самоуправа, на средбата ќе се разговара за текот на постапките околу концесионирањето на плажите во пресрет на годинашнава главна туристичка сезона.

OhridNews