Цената на електричната енергија од 1 јули најверојатно ќе биде по нова цена, но сè уште не се знае дали таа ќе поскапи и колку, или можеби евентуално ќе уследи надолна корекција на цената, јавува „Макфакс“.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Димитар Петров во петокот на средба со новинарите информираше дека трите компании кои се занимаваат со производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија до РКЕ ги доставиле трошоците за нивно работење.

Регулаторите во наредните две недели ќе треба да ги разгледаат барањата на енергетските компании и да се произнесат кои трошоци ќе им бидат прифатени, што ќе се одрази и врз формирањето на идната цена на електричната енергија.

Се очекува новата цена на електричната енергија, која ќе важи од 1 јули, да биде донесена до крајот на месецот.

OhridNews