Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од Грен слем турнирот УС Опен, откако во мечот од четвртата рунда против Пабло Карење Буста погоди линиска судијја со топче.

Немилиот настан по кој Ѓоковиќ го заврши учеството на турнирот во САД се случи во 11-от гем во првиот сет при негатива 6-5. Ѓоковиќ после изгубен гејм на сервис ја извади топката од џебот и во намера да ја врати на собирачите невнимателно ја удри и ја погоди линиската судијка во вратот. Од ударот таа го загуби здивот и падна на теренот. Кратко време судијката имаше проблем со дишењето, по што се стабилизира.

Ѓоковиќ веднаш се извини за ненамерниот потег, по што следеше долг разговор со официјалните лица од турнирот, кои согласно Правилникот го дисквалификуваа рекетот број 1. По соопштувањето на одлуката Ѓоковиќ се поздрави со противникот и го напушти теренот.

Карањо Буста во 1/4 финалето ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Шаповалов – Гофин.

Веќе стигнаа и првите реакции на одлуката за дисквалификација на Ѓоковиќ oд US Open.

“Не сум сигурен дека е фер. Тој чисто го уди топчето и можеше така да погоди и некој од собирачите на топчиња. Не го удри силно топчето, но според правилата во таков случај следи дисквалификација. – истакна прославениот шведски тенисер Мац Виландер.

OhridNews