Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ кој беше организиратор на тенискиот турнир „Адриа Куп“ и неговата сопруга Јелена се позитивни на вирусот на Ковид -19.

Ѓоковиќ и Јелена се тестирале вчера во Белград, а денеска ги добиле резултатите кои ги соопштија на своите профили на социјалните мрежи. Тестовите на двете малолетни деца биле негативни.

Претходно позитивни на тестовите за вирусот беа Борна Чориќ, тренерот на Ѓоковиќ Марко Паники, Виктор Троицки и неговата сопруга Александра и Бугаринот Григор Димитров.

Турнирот „Адриа Куп“ беше одложен пред самото финалето во Задар откако Димитров откри дека е позитивен на вирусот.

Според сите протоколи Новак и Јелена ќе поминат 14-дневен карантин.

OhridNews