Новески се пријави, но неговиот настап е неизвесен
01.06.09 00:05
Прв меѓу пристигнатите во Охрид, во хотелот “Белви“ е бундес-играчот Николче Новески. Бранителот на македоснката репрезентација влече повреда, но тука е во Охрид да се стави на располагање на новиот селектор Мирсад Јонуз.
– Во финишот на германската лига, пред две недели се здобив со незгодна повреда, скинав мускулни влакна и потребно е мирување. Во секој случај се одзвав на повикот на селекторот, ќе се ставам на располагање и ако има можност евентуално би настапил на претстојните натпревари– вели Новески
Новески оптимистички гледа на промената на селекторската позиција, додека промената на формацијата е нешто што треба допрва да се имплементира.
– Оптимисти сме во пресрет на натпреварите, што се однесува до новата формација селекторот си ја знае најдобро работата, наше е да тренираме ќе пробаме и ќе видиме какви ќе се резултатите – смета Новески
По двегодишна пауза Новески и Мајнц се враќаат во Бундесл-игата. И покрај серијата понуди кои ги имаше од клубови како од Бундес-лигата така и од Европа не се одлучи да ја промени средината.
– Две години траеше второлигашката голгота, но добро е бидејќи се’ добро се заврши и еве сме повторно во елитата. Имам уште една година договор кој ќе го испочитувам, а за понатаму ќе видиме – завршува Новески.
ГРК Охрид убедливо го совлада Спор Тото и во реванш натпреварот од второто коло на ЕХФ Европскиот куп и сигурно го продолжува патот во одбрана на европската титула „Гладијаторите“ вечерва во „Билја...
Охрид Лихнидос го доби дербито на врвот во Втората македонска фудбалска лига, совладувајќи го Работнички со 1:0 Стрелец на единствениот гол беше Матески, кој во 53 минута донесе голема победа за ох...
Oд 26-ти октомври до 7-ми ноември 2026 година во просториите на ШК Ласкер Охрид ќе се одржи VI Општинско првенство во шах „7-ми Ноември“, во чест на 7-ми Ноември, Ден на ослободување на Охрид, во о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.