Нови 1.422 заболени од корона вирусот се регистрирани изминатото деноноќие во земјава, од направени 4.277 тестирања, што е 33,2%.
Министерството за здравство попладнево соопшти дека битката со корона вирусот ја загубиле 33 пациенти од кои најмладиот е на 38-годишна возраст. Сите се починати во болнички услови.
Дванаесет починати пациенти се од Скопје (83г, 82г, 81г, 75г, 74г, 72г, 70г, 70г, 69г, 62г, 43г, 38г), по тројца починати има од Тетово (69г, 60г, 41г) и Кавадарци (78г, 77г, 71г), по двајца од Битола (83г, 65г), Прилеп (73г, 68г) и Ресен (75г, 66г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (62г), Гостивар (57г), Охрид (64г), Струмица (72г), Струга (76г), Крива Паланка (85г), Валандово (79г), Крушево (53г) и Кратово (76г).

Регистрирани се 457 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, а на починати е 3.607. Активни се 17.472 лица. Досега се направени 607.956 тестирања.
OhridNews











